Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните се жалат дека има наезда од комарци во одредени делови на градот и досегашното авионско и терестичкото прскање не дало резултати.
„Комарците не` изедоа, не знам веќе кај да се жалиме да се прска теренски, авионски не дава резултати. Не` изедоа живи, не се излегува од двор, врие од комарци“, се жали еден граѓанин, кој живее во пределот над Зелениот пазар во Куманово.
Од Oпштината велат дека согласно временските услови во текот на овој месец е планирана уште една терестичка дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци.
„Општина Куманово во текот на овој месец ќе изврши терестичко пркање против комарци, на целата територија на општината. Најверојатно во текот на следните 10 дена, согласно временските услови“, изјави Гордан Таневски од Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово.
Сомневањата на граѓаните дека не се прска со ефикасни препарати тој ги отфрла, и тврди дека прскањето се извршува со соодветно средство, одобрено од Министерството за здравство.
Последното авиозапрашување и терестична дезинсекција против комарци Општина Куманово ги спроведе пред околу две недели.
Во Општина Куманово досега се извршени пет авионски и четири теристички прскања против комарци.
(Ф.Марковска)