×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци ограбиле Пакистанци

    27.03.2012 14:30 | KumanovoNews

     Двајца Кумановци вчера истепале и ограбилe двајца Пакистанци на Автобуската станица во Куманово.

    Кумановци ограбиле Пакистанци

    С.С.(29) и негов пријател кој е во бегство, ги нашле Н.М.(24) и М.А.(22) двајцата од Пакистан, кои илегално влегле во земјава, во моментот кога сакале да купат билети за Скопје.

    Напаѓачите се претставиле како полицајци и почнале да се караат со илегалците. Тогаш С.С. со тупаница го удрил Н.М во глават и тој паднал на земја и се онесвестил. Другиот напаѓач извадил нож и му се заканил дека ќе го убие М.А., при што им одзеле 260 евра и 2 мобилни телефони.

    Разбојниците побегнале, а случајот е пријавен во полиција. С.С веднаш бил пронајде и приведен, по што истражен судија му одредил притвор од 30 дена, а по вториот разбојник полицијата трага. Станува забор за познати извршители на кржби и тешки кражби.