Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца кумановци ограбиле Сириец, откако му ветиле дека ќе му помогнат да замине во Србија.
Нападот се случил вчера околу 18 часот кај автобуската станица во Куманово, кога Х.М.(32) бил пресретнат од две лица што му понудиле превоз. Тој се согласил и тројцата тргнале пеш кон Спомен костурницата, каде едниот повикал помош. Пристигнал автомобил „голф“ и сите влегле во возилото и се упатиле кон населбата Карпош. Кај местото викано Почивало, еден од кумановците извадил метална шипка со која го удрил Сириецот, по што му го одзел ранецот во кој имал пасош, три мобилни телефони, поголема сума евра и долари и чевли, по што тројцата разбојници избегале со „голфот“.
Полицијата трага по сторителите.