×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преку електронски систем граѓаните можат да го видат урбанистичкото планирање на Куманово

    24.01.2022 09:12 | Жаклина Цветковска

    Граѓаните на Општина Куманово ја имаат на увид целокупната урбанистичка документација на територијата на општината преку Географско информациски систем (ГИС), кој е поставен на општинската веб страница. Таму можат да ги добијат сите потребни податоци за урбанистичкото планирање на катастарските парцели.

    Преку електронски систем граѓаните можат да го видат урбанистичкото планирање на Куманово


    Од општина Куманово велат дека системот веќе го користат голем број граѓани, а во ноември минатата година започна и надградба со 3 нови модули.

    „Особено значајно за јавноста е тоа што сега имаме модули за организирање на јавна анкета и јавна презентација, кои што овозможуваат целосна транспарентност во постапката на донесување на урбанистичката документација и можност за добивање на известувања врз база на точки на интерес. Исто така, граѓаните можат да добијат првични информации што е планирано на нивната катастарска парцела“, вели раководителката на Секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

    Граѓаните, преку веб апликацијата ГИС, поставена на веб страницата на Општина Куманово, ќе може да се регистрираат со свое корисничко име и емаил адреса и да внесат одредени точки во подрачјата за кои се заинтересирани. Кога нешто ќе се менува на тоа подрачје или ќе има одредени активности во овој домен, корисникот ќе добие емаил известување кога за тој дел од градот ќе се организира јавна анкета или јавна презентација, односно кога ќе се донесува нов урбанистички план.

    „Со тоа постапката за донесување на урбанистички планови ќе биде целосно транспарентна, а граѓаните ќе имаат можност да бидат навремено информирани. Во согласност со нивните лични интереси и преку модулите за јавна анкета и јавна презентација директно ќе можат да се вклучат во оваа постапка“, појаснува Сларидис Јаневска.

    Апликацијата е инсталирана во септември минатата година, а повеќе информации граѓаните можат да добија на следниов ЛИНК. 

    Општина Куманово, велат, и понатаму ќе продолжи да се стреми кон дигитализација на сите услуги за граѓаните, правејќи ги подостапни и транспарентни, со фокус на директна вклученост на граѓаните во локалните политики.