×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци ретко летуваат на планина

    15.06.2013 12:34 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово ретко се одлучуваат годишниот одмор да го поминат на планина, иако престојот во природа има многу предности за здравјето на човекот.

    Кумановци ретко летуваат на планина

    Лекарите тврдат дека природата позитивното делува на целиот организам, а особено на подобрување на крвната слика, поради што препорачуваат децата и возрасните почесто да престојуваат во планинските предели.

     На планина е добро да се одмараат луѓето кои имале инфаркт, оние со хронични бронхити, астматичари. Таму воздухот е чист, атмосферскиот притисок е подобар. Има тишина, тоа делува како антистрес терапија. Таму ќе изгубите чувство за време, немате телевизор. За одредени дијагнози не треба да се оди на превисоки планини, просечна некоја висина, да се одбере некое одмаралиште - изјави Катица Андоновиќ, општ лекар.

    Козјачкиот регион изобилува со предели кои се пријатни места за одмор, но сместувачки капацитети речиси и да нема. Единствена можност е приватна посета кај баба и дедо на село.

    За жал во нашата општина нема планинарски дом, бидејќи сме со ниска надморска височина. Располагаме со планинарски дом Длабочица кој е во Општина Старо Нагоричане и е на 44 км оддалеченост од Куманово. Кумановчани немаат навика да одат на одмор или излет на планина. Го велам ова бидејќи како општина со најголем број жители мал дел ги посетуваат македонските планини иако ги имаме Кожуф, Матка, Водно, Пелистер, Осоговските планини, Галичица, Плачковица, повеќе одат во Србија, Бугарија, Грција - вели Мартин Величковски, секретар во Спортско планинарски клуб “Козјак“.

    Здравствените работници препорачлуваат секој човек годишно десетина дена да помине на планина, но не е лошо доколку се има можности и почесто.

    Јас одам на планина и тоа во гошинскиот крај. Ставам шатор на отворено и таму престојувам по два дена. Убаво е многу, има чист воздух и психички ме релаксира - вели Нејази Рамадани, граѓанин.

    За разлика од од овој човек, повеќето кумановци тврдат дека нивните семејства, особено децата никогаш не би прифатиле да го заменат летувањето на море со планина, па колку тоа да е здраво и поефтино. Но, сепак, со носталгија се сеќаваат како некогаш ги поминувале летните распусти во кумановските села или во детското одмаралиште Матејче и биле повеќе исполнети и среќни.