Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци немаат навика да одат на театар, тврдат актерите, кои често се жалат дека играат претсти во полупразни сали.
Според актерот Горан Илиќ проблемот е што народот не знае да ужива во претставите кои се“духовна храна“ на луѓето, а не се работи за економската моќ, бидејќи билетите чинат само 100 денари.
Мислам дека малку и ние сме виновни за слабата посетеност. Треба да ја негуваме комедија, бидејќи публиката сака да гледа такви претстави, а тоа е се гледа на Деновите на комедија. Сепак е жално е за претставата “Духот на слободата“ да играш за 20 или 30 луѓе. Публика треба да се привлече со пошарен репертоар со што ќе бидат опфатени повеќе генерации. - смета Илиќ.
Тој раскажува дека пред три децении кога во градот работеле сите фабрики, билетите се продавале преку синдикат. Денеска театарот го посетуваат младите или постарите генерации кои се големи љубители на театарот, но тие се ретки. Лани најинтересни за публиката биле премиерите.
Слаѓана Србиновска од Куманово е една од ретките која може да се пофали дека десет пати годишно оди во театар. Таа е презадоволна од кумановските актери и претставите кои се прикажуваат.
Одам на премиери, репризи и комедии кога има. Децата ми набавуваат билети, а внуците ги носам на детски претстави. Јас живеам кај Гимназијата и не ми е далеку. Честопати има гостувања на други театари од Македонија. Нашите актери се многу добри. Од секоја претстава ние извлекуваме поука, порака. Многу е убаво да се оди во театар, има доста хумор - рече Србиновска.
Таа на кумановци им порачува повеќе внимание да посветат на културно - забавниот живот и да не избегнуват посета на театар.