×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци ретко пријавуваат мобинг

    16.05.2013 09:28 | KumanovoNews

     Само неколку работници месечно се осмелуваат да пријават мобинг и да побараат помош, тврдат од Регионалниот синдикат.

    Кумановци ретко пријавуваат мобинг

    Пет - шест луѓе месечно пријавуваат мобинг. Другите се плашат да реагираат за да немаат последици, да не го изгубат работното место. Луѓето веќе препознаваат што е мобинг. Велат дека тоа психичко малтретирање е со намера да бидат распределени на друго работното место. Ако работникот е добро ситуиран, поткован од дома ќе даде отказ, ако не мора да трпи - вели Миле Спасовски, секретар на Регионален синдикат.

     Тој објаснува дека мобинг има во јавниот и приватниот сектор. И мажите и жените се жртви на мобинг, но психичката тортура на работа тешко се докажува.

    Има тортура само кој смее да каже. Медиумите ги охрабруваат луѓето да пријавуваат. Ако го пријави газдата, може да остане без работа. На хартија работничките права ги има, но во реалноста не - смета граѓанин.

    Наскоро се очекува да се донесе Закон за мобинг кој ќе ги регулира односите меѓу работниците и работодавачите. Работниците на тој начин ќе бидат послободни да пријават психичко малтретирање и ќе знаат кои се механизмите за докажување на мобинг.