Кумановци сакаат да одат на театар
03.01.2015 12:28
| KumanovoNews
Во минатата сезона над 9 илјади граѓани отишле на претставите во Кумановскиот театар.
Според податоците на Државниот завод за статистика во сезоната 2013/14 театарот го посетиле 9068 луѓе.Во тој период, во театар Куманово имало 49 изведби на претстави од кои 9 се реализирани со гостувања.
Кумановскиот театар има поголема посетеност од охридскиот, струмичкиот, тетовскиот и штипскиот театар, а помала посетеност од прилепскиот, битолскиот, велешкиот и скопските театари.