Кумановци се повеќе користат соларна енергија
17 кумановски семејства од вкупно 514 на ниво на држава, годинава добиле субвенции за купување и инсталирање на сончев колектор.

Изборот на домаќинствата последниве две години се прави со јавно извлекување, а субвенцијата изнесува 300 евра.
Годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом заштедува околу 2.400 kWh за користење на соларниот систем од околу 8 месеци во текот на годината. Согласно последната цена на електричната енергија во Република Македонија, финансиските заштеди по едно домаќинство на годишно ниво изнесуваат 13.344 денари - вели Сузана Прањиќ, портпарол на Министерството за економија.
Лани со поддршка од државата 9 кумановски домаќинства вградија сончеви колектори. Освен финансиска заштеда, предност на колекторите е тоа што ја намалуваат емисијата на јаглерод диоксид.