×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци снимија скриена камера во Скопје

    31.10.2013 11:25 | KumanovoNews

      Во спотот, додека седи на клупа актерот глуми дека му се спие, по што „несакајќи„ легнува на раме на некој што седи покрај него

    Кумановци снимија скриена камера во Скопје

    Тројца кумановци се автори на скриена камера, која деновиве е хит на македонските портали. Другарите Волхан Салаи, Давид Крстевски и Кристијан Алексовски, ученици во четврта година во гимназијата Гоце Делчев, својата креативност ја изразиле на оргинален и хумористичен начин.

    Во спотот на три различни локации, актерот додека седи на клупа глуми дека му се спие, по што „несакајќи„ легнува на раме на некој што седи покрај него. 

    Видеата ги снимавме во Скопје, во ГТЦ, Жена Парк и Плоштад Македонија. За сите три видеа да бидат снимени ни беа потребни два дена. Луѓето кои наседнаа на нашиот штос реагираа многу позитивно и ретко кој се лутеше. Имаме неколку идеи да снимаме и во Куманово, но најголем проблем е тоа што многу луѓе не познаваат и ќе биде потешко да се изведе.- вели Волхан Салаи.

    Видеото е снимено со аматерска камера и без тон, но авторите се надеваат дека ќе најдат спонзор, по што професионално ќе ги реализираат нивните идеи. Наскоро најавуваат уште смешни видеа.Нека им е со среќа!