Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
А.З.(47) од Куманово заработи кривична пријава затоа што изнудувал пари од свој сограѓанин претставувајќи се дека е член на паравоена формација.
Инцидентот се случил во 2014 година, кога пријавениот од неговиот мобилен телефон во повеќе наврати се јавувал и испраќал заканувачки пораки на М.М. од општина Липково. При тоа се претставувал како припадник на т.н. паравоена формација „Илирида“ барајќи помош 3000 евра. Ако не ги добие парите упатувал закани по личната безбедност.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.З. поради основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.