Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец пријавил во полиција дека во 2022 година бил отпуштен од јавно претпријатие без да бидат иполнети законските норми.
„На 20 август во 11.20 часот во СВР Куманово, Д.Х.(46) од Куманово пријавил дека во 2022 година од јавно претпријатие во Куманово му било врачено отказно решение без да бидат исполнети законските норми. Имено, според пријавеното, претходно тој бил на боледување и откако се вратил на работа од претпријатието му било изготвено решение за користење одмор, кое никогаш не го примил и потпишал, а додека користел годишен одмор му било изготвено отказно решение поради отсуство од работа три последователни дена“, соопштува полицијата.
Според пријавеното, во постапката пред Основен суд Куманово, адвокатот на претпријатието како доказ приложил барање и решение за користење на годишен одмор кои не ги потпишал и затоа смета дека се фалсификувани.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.