Кумановец фатен со марихуана
01.07.2014 11:33
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.З.(21) од Куманово за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори.

Минатата недела, на ул. „Никола Вапцаров“ во Куманово, при извршен преглед над пријавениот пронајдени се 184 грама наркотична дрога марихуана. На Ф.З му е одреден притвор во траење од 30 дена.