×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец го усмртил пешакот во Илинден и побегнал

    10.04.2014 07:56 | KumanovoNews

    Д.П.(23) од Куманово е возачот што минатат недела го прегазил пешакот во скопската населба Илинден и побегнал.

    Кумановец го усмртил пешакот во Илинден и побегнал

    По еднонеделно барање полицијата го пронашла и против него ќе бидат поднесени две кривични дела тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

    Сообраќајката се сличи на трети овој месец околу 21,30 часот, кога Д.П. управувал нерегистрирано „Југо 45“, без возачка дозвола, во населбата Илинден удрил во 61-годишен пешак, кој ја преминувал неосветлената улица на место каде нема обележан пешачки премин. По ударот, Д.П. не застанал да му укаже помош на повредениот пешак, туку побегнал во с. Пчиња, каде го паркирал возилото во неговиот двор и наредниот ден ги сменил деловите од возилото, кои биле оштетени од ударот на пешакот.

    Повредениот пешак поради пет тешки телесни повреди починал на местото на настанот.  

    Во изјава пред полициски службеници, Д.П.кажал дека невидел во што удрил, а бидејќи се уплашил, не застанал и продолжил да вози кон неговиот дом.