Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасен кумановец останал без 50 долари, кои непознато лице сакало да му ги продаде. Човекот ги дал парите, а измамникот побегнал со девизите.
Во СВР Куманово, вчера во 18 часот, 67-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50 долари.
Според пријавеното, лицето побарало да му размени 50 долари, по што тој му дал денари, а при размената лицето успеало да го измами и да не му ги остави доларите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.