Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец и скопјанец „оперирале„ по куќи во скопската населба Чаир.
М.К.(19) од Куманово и А.Ј.(18) од Скопје ограбиле пет куќи во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле дома. На сила ги отварале прозорците, влезните и балконски врати, по што влегувале во собите и краделе компјутери, златен и сребрен накит, бижутерија, часовници, пари, гарнитура со алати и еден сигнален пиштол “екол“ . При тоа незаконски заработиле 376.200 денари. Украдените предмети ги чувале во станот на А.Ј. во Скопје, а дел ги продале во Старата скопска чаршија. Парите ги искористиле за купување дрога, алкохол, облека и такси услуги.
На почетокот на декември извршен е претрес на станот каде престојувал А.Ј. и се најдени украдените предмети. По неколку дена тој бил приведен и раскажал каде се извршени кражбите и каде се продадени одземените предмети. Во Полициска станица Чаир граѓаните си ги препознале и добиле назад украдените предмети.
Кумановецот М.К. е недостапен за полицијата. Во период од 2010 до 2014 година скопската полиција му поднела 15 кривични пријави за извршени тешки кражби.