Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Г.М.(33) завчера околу 14.30 часот, во фирма на “Индустриска„ бб додека ракувал со пиштол марка „Глог“, калибар 9 мм кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и му нанел прострелна рана во пределот на бутот на својот сограѓанин Р.М.(45).
Г.М. со возило го однел повредениот во Општа болница Куманово, каде му е укажана првична медицинска помош, по што како итен случај е префрлен во Клинички центар Скопје. Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово. Пиштолот, испуканата чаура и зрното се подигнати за вештачење.а Г.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот, до ОЈО-Куманово ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.