Кумановец ограбил штедилница во Ниш
09.07.2014 12:40
| KumanovoNews
Д.К.(40) од Куманово учествувал во големиот грабеж на Поштенската штедилница во Ниш, кој се случи пред четири години.

Како што наведуваат српските медиуми , кумановецот, во моментов издржува затворска казна во Сремска Митровица.
Грабежот се случил како на филм, кога, Д.К. вооружан со пиштол, влегол во Поштенската штедилница, им се заканил на вработените и успеал да изнуди пари од нив. Разбојник го нападнал и обезбедувањето на штедилницата.