Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Маж на возраст над 60 години вчера паднал во бунар со вода во кумановската населба Карпош. Несреќата се случила околу 13 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна едница од Куманово.
„Се работи за бунар со длабочина од 15 метри, а водата има околу 5 метри. Со скали, јажиња, спасувачки појаси и друга опрема успеавме да го извлечеме човекот. Станува збор за повозрасно машко лице, на 60 до 70 годишна возраст, извлечен е во добра здравствена состојба и предаден на службата на Итна медицинска помош“, објасни Сашо Илиевски, командир на смена на ТППЕ Куманово.
Загрозенотот лице било истоштено, промрзнато од студената вода, видно вонемирено, но без посериозни повреди. Немаа информација како паднал во бунарот.
Акцијата за спасување траела 50-тина минути, а учествувале четворица пожарникари со едно возило.