Кумановец позитивен на ковид-19 побегнал од болницата „8 Септември“
07.10.2020 10:53
| KumanovoNews
Пациент од Куманово кој бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа побегнал од болницата.

Се работи за Б.И. бездомник кој бил најден во лоша здравствена состојба и кој после тестот кој бил позитивен, бил примен во болница.
- На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември" било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата, потврди МВР.