×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец пријавил измама за повеќе од 1 милион евра

    20.04.2022 08:48 | Сузана Николиќ

    Педесет и седумгодишен кумановец пријавил во полицијата дека е измамен од И.М. (47) од Скопје, со живеалиште во Струмица, за сума од 65 милиони денари.

    Кумановец пријавил измама за повеќе од 1 милион евра

    И.М, кој предходно бил осуден и одлежал 6 месеци затвор, додека бил во бекство успеал да го измами кумановецот. Два дена пред да биде пријавен за новата измама тој бил уапсен.

    „Пријавениот, на 16. април во 15.30 часот бил лишен од слобода од полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово, бидејќи бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 2 години и 6 месеци, а бил осуден на 3 години затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

    Тој e спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната. 

    По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.