Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец додека се потпишувал за еден од кандидатите за претседател, во просторите на ДИК го сликал образецот на кој се потпишал.
„Вработени во Државната изборна комисија (ДИК) пријавиле дека вчера околу 13.00 часот во просториите на Подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на РСМ, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало“, соопшти МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.