Мени

Кумановец тешко повреден откако со „ауди“ излетал од автопатот

14.05.2026 16:15 | KumanovoNews

Кумановец е тешко повреден откако со автомобил излетал од коловозот на автопатот Куманово–Скопје.

Кумановец тешко повреден откако со „ауди“ излетал од автопатот

Несреќата се случила денеска околу 11:00 часот, во атарот на село Агино Село, кумановско, кога патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (43) од Куманово, излетало од патот и се превртело.

Во несреќата, возачот Г.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.