Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција при претрес на викендичка во Куманово пронашла 7 пакувања со дрога и 10 мигранти.
„Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле претрес во напуштена викенд куќа во место викано „Ново Куманово“, каде повремено престојувал Д.С.(41). Притоа биле пронајдени 10 лица мигранти (пет од Сирија и пет од Пакистан). Предходно, истиот ден, Д.С. беше приведен затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле пронајдени и одземени 7 пакувања дрога“, соопши МВР.