Кумановец вршел меѓународен јавен превоз без лиценца
15.03.2023 18:06
| KumanovoNews
Кривична пријава заработи 57-годишен кумановец, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’.

„На 11. март на Граничен премин Табановце, при извршена контрола на патничко возило „фолксваген пасат’’, управувано од пријавениот, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без дозвола за меѓународен линиски превоз“, соопшти МВР.