×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец загинал гаснејќи го пожарот што му ја зафатил куќата

    21.03.2022 08:01 | Сузана Николиќ

    Педесети и четиригодишен маж бил пронадјен починат, откако се обидувал да го изгаси пожарот во неговата куќа. Огнот најпрво избувнал на тревна површина и се проширил кон неговиот дом.

     

    Кумановец загинал гаснејќи го пожарот што му ја зафатил куќата

    „Вчера во 15,20 часот во СВР-Куманово било пријавено дека во Куманово, во местото викано Стара Воденица, настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќата во која живеел Д.К.(54)“, информира МВР.

    Од пожарот била зафатена и куќата, а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат.

    „Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Известен е јавен обвинител кој дал наредба телото на починатото лице да биде предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, се вели во соопштението од МВР.