Кумановка измамена од лажен продавач на дрва

21.07.2021 14:45 | Сузана Николиќ

Педесет и петгодишна жена останала без 250 евра од лажен продавач на дрва.

Кумановка измамена од лажен продавач на дрва

Вчера наутро околу 9 часот измамникот дошол во дворот на жената и понудил да и продаде огревно дрво. Таа прифатила и му платила 250 евра. Откако надовниот продавач заминал и не се вратил цел ден жената сфатила дека е измамена.

Синоќа во 22.50 часот го пријавила во СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв случај на измама за огревно дрво во Куманово. Цел на измамниците, кои „оперираат“ низ градот се пензионери, поради што од МВР апелираа граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на нивните лаги.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk