Кумановка платила во диско со лажна иљадарка
27.02.2015 11:34
| KumanovoNews
С.Ц.(18) од Куманово во дискотека во Штип платила сметка со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.

Откако вработената забележала дека иљадарката не е верна на оргиналот, случајот го пријавила во полиција. Преземени се мерки од полициските службеници, при што од извршеното вештачење е утврдено дека банкнотата е фалсификувана. Измамата се случила минатиот месец, откако кумановката отишла во соседниот град во ноќен живот.
Штипската полиција и поднесе кривична пријава за сторено кривично дело ,,фалсификување пари“.