Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Габриела Петровиќ од Куманово викендов во тетовското сeло Лешок, се закити со титулата вешта жена на Македонија.
Со подготовка на мексиканско ќофте и лесна торта, Петровиќ ги освои симпатиите на жирито.
Имаше јака конкуренција, и се натпреваруваа 19 жени од цела Македонија. Наградата за мене не беше очекувана. Не ми беше важно дали ќе освојам прво, второ или трето место. Ги почитував прописите за натпреварувањето, така што поголемиот дел од работата , украсувањето го завршив таму. Имаше одлични домаќинки, но се им беше зготвено, украсено и донесено од дома и со тоа во старт изгубија поени. За следната година дали ќе се пријавам на натпреварувањето не сум размислила, има време дотогаш - рече Петровиќ.
Петровиќ вели дека на државниот натпревар за избор на вешта жена, повеќето учеснички подготвувале македонски јадења.