×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка тешко повредена во сообраќајка

    13.02.2022 17:30 | Сузана Николиќ

    Педесет и двегодишна кумановка е повредена во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје.

    Кумановка тешко повредена во сообраќајка

    Сообраќајката се случила во 13.10 часот на излезот од Тетово, во близина на клучката Север, кога патничко моторно возило "опел корса" со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната А.М. од Куманово, се превртело на коловоз.

    Во несреќата, А.М., која била сама во возилото, задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. 

    На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.