Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка ја запалила келијата во која издржувала затворска казна со цел да издејствува префрлување во друга установа.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З.(26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против С.М.(26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“ во врска со извршено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Првопријавената со намера да биде префрлена од женското затворско одделение во Казнено поправна установа Идризово Скопје во болницата во Демир Хисар, поттикната од второпријавената, на 21.05.2024, со запалка предизвикала пожар во собата во која престојувала, во кој бил зафатен ходникот од женскиот дел, предизвикувајќи материјална штета“, соопшти МВР.