Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Ј.В. (50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
„Во септември 2020 година во село Радожда, пријавената се сретнала со друго женско лице и се договориле за сума од 500 евра да ѝ направи работна виза за Швајцарија“, соопштува МВР.
Оштетената ѝ ги дала парите, но до денот на пријавување С.Ј.В. не направила работна виза, ниту ги вратила парите.