Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест девојки од Куманово преку агенцијата “Коузон Корпорејшн“ заминале да работат како бебиситерки во Америка од почетокот на 2013 година.
Најчесто се пријавувале млади девојки со завршен факултет, со добро познавање на англиски јазик поради неможноста тука да се вработат.
Во семејството остануваат една година, а обезбеден им е смештај и храна. Тие имаат задача да ги чуваат децата, да ги носат во градинка, да пишуваат домашни со нив, да ги одведат на дополнителни активности. Во состав на програмата девојките имаат и курс за изучување на јазик. Нивното работно време е 8 часа во текот на денот, така што имаат слободно време, можат да шетаат, убаво искуство е за нив - објаснува Катерина Паланов, програм менаџер во “Коузон Корпорејшн“.
Предност имаат младите девојки на возраст од 18 до 26 години, со добро познавање на англиски јазик и со возачка дозвола.
Веќе и се пролонгира возрасната граница бидејќи има интерес. Ако порано аплицираа девојки од 21 година, сега се почесто се јавуваат повозрасни со 23 или 24 години. Семејствата имаат можност да бираат, исто и заинтересираните кандидати. Имавме програма и за Германија, но моментално таа е во мирување - вели Паланов.
Но има и такви кои ги искористиле познанствата и без посредство на агенција биле во странство да чуваат дете.
Сум била во Грција и тоа на црно преку еден пријател. Три месеци работев, па се враќав во Куманово. Чував две мали деца. Добро се заработува, но само ако тие пари се трошат овдека, инаку да се заработува таму и да се троши таму не е исплатливо - вели Лидија Н. од Куманово.
Во Америка бебиситерките заработуваат по 197 долари неделно и плус добиваат бакшиш од 200 долари.