×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие современ атлетски полигон

    07.07.2011 09:00 | KumanovoNews

     Во дворот на техничкото училиште „Наце Буѓони„ во Куманово веќе десетина дена интензивно се работи на изградба на современ полигон за атлетски спортови.

    Куманово ќе добие современ атлетски полигон

    Теренот ќе зафаќа површина од околу еден хектар, а ќе биде наменет за спортските клубови, училишните спортови и за рекреативно спортување на граѓаните.

    Се работи за патека со четири ленти по 200 метри, со спринтерки стази, терен за скок во делечина и  височина, простор за фрлање ѓуле, копје, кладиво и сите останати атлетски спортови. Ова е прв ваков полигон во државата, по модел од Словенија, каде фирмата „Елан„ ги гради во помалите градови каде што нема услови да се направи голем професионален стадион за атлетските спортови. Изведувач на проектот и опремата се на „Елан„, што значи дека се работи за еден најсовремен и квалитетен спортски терен - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Атлетскиот полигон се планира да биде готов за два месеци, до кога треба да се заврши реновирањето и на училишното игралиште за мали спортови, а ќе бидат изградени и мали трибини.

    Истовремено се уредува, оплеменува, осветлува и оградува Соколанскиот парк со што граѓаните на Куманово ќе добијат современ рекреативно- спортски комплекс.

    Сретствата во висина од 200 илјади евра за целиот проект ги обезбеди локалната самоуправа Куманово.