Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Скопје ќе се отвори саемот на Единиците на заедницата на локалните самоуправи - „ЗЕЛС ЕКСПО 2011“.
На саемот во 16 часот презентација ќе има и општината Куманово. На посетителите ќе им биде претставен проектот на затвотениот базен, како и фабриката за согорување на смет. Истовремено ќе биде поделен и пропаганден матерјал за туристичкиот потенцијал на градот.
На саемот ќе се обрати вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски ќе го отвори.