Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Кејот на реката Кумановка, младите добија современо монтажно лизгалиште. Лизгалиштето денеска беше пуштено во употреба, а ќе работи секој ден до половината на март.
Користејќи ги искуствата на поголемите градови, имаме желба и нашите дечиња да имаат една таква можност да уживаат во убавините на зимата. Најдовме фирми кои изнајмуваат опрема за лизгалиштето, и проектот многу брзо се реализираше- рече на отварањето градоначалникот Зоран Дамјановски.
Идејата за отварање на лизгалиште е актуелна од мината година, а Советот даде согласност и обезбеди 5000 евра почетни сретства од 5000 евра за нејзина реализација.
Фирмата која ќе стопансува со лизгалиштето е обврзана секој ден да обезбеди по 2 часа гратис термин за потребитете на учениците за развој на училишниот спорт.
Доколку се покаже голем интерес на младите, локалната самоуправа размислува догодина да најде локација и да изгради големо лизгалиште за потребите на градот. Цената за 90 минути е 100 денари со изнајмени лизгалки.