Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на Куманово вечерва почувствуваа земјотрес.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 17 минути, регистрира слаб земјотрес со епицентар на околу 60 километри североисточно од Скопје, на територијата на соседна Србија. Рихтеровата (локална) магнитуда на земјотресот е 3.6.
Земјотресот е почувствуван во Куманово и Скопје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала–1998 соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според српските медиуми епицентарот на земјотресот бил во околината на Бујановац.