Куманово и Липково со позитивен прираст на населението
25.02.2015 15:40
| KumanovoNews
Во четвртото тромесечје од 2014 година, општините Куманово и Липково имале позитивен природен прираст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Куманово се родиле 337 бебиња, а починале 253 луѓе. Во Липково се родиле 95 деца, а починале 35 жители. Општината Старо Нагоричане имала негативен природен прираст, и во последното тромесечје лани се родени 7 бебиња, а починале 24 лица.
На ниво на држава наталитетот бележи опаѓање.