×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово и Старо Нагоричане во заеднички еколошки проект

    22.09.2011 14:34 | KumanovoNews

     Општините Куманово и Старо Нагоричане ќе соработуваат во областа на зачувување на животната средина во рамките на проектот "Заедно градиме мулти-еко довреба".

    Куманово и Старо Нагоричане во заеднички еколошки проект

    Проектот го финансира УНДП со 900.000 денари и е во рамките на програмата на Обединетите Нации "Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и комуникација помеѓу заедниците".Денеска, во Куманово се одржа првиот информативен ден на кој беа презентирани целите на проектот.

    "Проектот започна во февруари и помина низ неколку фази. Прво советите на општините поднесоа иницијатива за заедничка соработка на полето на зачувување на животната средина, по што се формираше заедничко координативно тело, а беше донесена и одлука за воспоставување на заедничка меѓуопштинска соработка "-вели проект менаџерот на проектот, Бобан Бојковски.

     Двете општини имаат обврска да подготват локални еколошки акциони планови кои ќе траат наредните шест години.

    "Од особена важност е ваков проект кој овоможува давање насоки за идни еколошки планови. Моја заложба и заложба на Советот на општината на Старо Нагоричане е да реализираме активности со кои нашата Општина ќе стане зелена општина" -рече Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Старо Нагоричане.

    Надлежните од општина Куманово,велат дека донесувањето на локалните еколошки акциони планови се предуслов за меѓуопштинска соработка.