×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има 12,5 илјади празни станови или една третина од вкупниот број

    05.06.2022 22:24 | Сузана Николиќ

    Куманово, како најголема општина во земјава со 98.104 жители има околу 12,5 илјади празни станови или 33 проценти од вкупниот број.

    Куманово има 12,5 илјади празни станови или една третина од вкупниот број

    Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

    Североисточен регион има 152.982 жители и 68.580 станови, од кои 27.089 или 39,5 проценти се празни.

    Една третина од становите во најголемиот град во регионот – Куманово се празни. Иако над 12 и пол илјади станови се празни, бројот на станови во Куманово во последните 20 години е зголемен за 4.679 или 12 проценти, а вкупно се  38.147 станови .

    Над половина од становите се празни и во Кратово, додека во Крива Паланка над 5 илјади станови или 45 проценти од вкупниот број се ненаселени. Сепак, во последните 20 години во Крива Паланка бројот на станови е зголемен за 18,6 проценит, а во Кратово за 10 проценти.