×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има 83 заедници на сопственици

    08.02.2013 13:29 | KumanovoNews

    Во Куманово се регистрирани 83 заедници на сопственици, кои се замена за поранешните куќни совети.

    Куманово има 83 заедници на сопственици

    Инспекторот за домување во Општина Куманово, Селами Ајрулау вели дека рокот за регистрација е продолжен, делуваат едукативно, ги известуваат граѓаните во станбените згради дека мора да регистрираат заедница на сопственици за да не се соочат со парични казни од по 300 евра.

    Разликата е што во куќниот совет парите се земаа на рака, се плаќаше во кеш. Сега тоа ќе биде регуларно на жиро сметка ќе се вршат сите исплати. Ќе има регуларен фонд во кој ќе се планираат пари секој месец за исплата на хигиеничарка, оддржување на лифт, комунални трошоци, за управител,  благајник и друго. Резерниот фонд ќе служи за поголем обем на интервенции како замена на врати, работа на покрив, фасада и слично. Висината на регуларниот фонд ја одредуваат самите станари колку ќе плаќаат за тие трошоци месечно. Резервниот фонд си има коефициент кој е даден од Регулаторната комисија за домување. Управителот за работата која ја врши ќе зема плата, исто и благајникот - вели Ајрулау.

    Новиот начин на работа ќе значи поголема контрола за трошењето на парите во заедницата на сопственици.