×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово лидер во меѓуетничкиoт соживот

    21.06.2010 14:44 | KumanovoNews

     Признанието Носител на порака на мирот што Куманово како единствен град во државата го доби минатата година, беше повод денеска да се одржи трибина на тема „Куманово, пример за меѓуетнички соживот„.

    Куманово лидер во меѓуетничкиoт соживот

     Домаќин на трибината беше градоначалникот Зоран Дамјановски,  а учествуваа  вицепремиерот Абдулаќим Адеми, Нано Ружин, Владо Поповски, Владо Бучковски, Ридван Сулејмани, поранешниот градоначалник Слободан Ковачевски,советникот Фериз Дервиши  амбасадори, претставници на ОБСЕ и невладини организации.

    По многу нешта Куманово од 2001 година досега покажа дека е лидер во воспоставувањето на добрите меѓуетнички односи, лидер во ширење на духот на мирот во државата и регионот. Добивањето на членството „Носители порака на мир„  не потикна со невладините организации да ја организираме оваа трибина и да испратиме јасна порака до актуелната власт дека Македонија нема друга алтернатива освен градење и зајакнување на меѓуетничкиот соживот и развој на државата кон Европските интеграции - рече градоначалникот Дамјановски.

     Владо Бучковски од СДСМ смета дека во Македонија се нарушени меѓуетничките односи.

    Сметам  дека во изминатите четири години назадуваме на планот на меѓуетничките односи и мислам дека Куманово остана единствениот светол пример кој е исклучок од правилото дека во Македонија денес се нерушени меѓуетничките односи и ја немаме толеранцијата на она ниво на кое посакуваме. За разлика од други општини каде што се доминантни Албанците, каде што за жал можеме да видиме дека не ги уживаат оние права што ги уживаат Албанците каде што се малцинство -рече Бучковски.  

    Вицепремиерот Адеми за многу значајно и како пример за другите општини ја оцени неодамнешната одлука на Советот за воведување на официјална употреба на јазиците на малцинствата.

    Пред неколку месеци  Советот донесе одлука покрај на албанскиот да се употребува и српски, ромски и влашки јазик што е голема придобивка.Сите успеси на Куманово треба да служат како поттик и за понатаму да продолжи со градење на мирот и добрососедските односи во државата- порача вицепремиерот Адеми.

    Поранешниот градоначалник Слобнодан Ковачевски, советникот Фериз Дервиши и поранешниот пратеник Назми Беќири добија плакети за зачувување на мирот во 2001 година.

    По најавата за воениот конфликт Општината донесе заклучоци со кои се обврза дека локалната самоуправа нема да дозволи да се прелеат воените дејствија во градот и тие заклучоци беа предадени до сите државни институции и амбасадорите на големите земји. Најголем продонес за зачувување на мирот во Куманово го имаат граѓаните,локалната самоуправа, Советот, невладините организации и медиумите-рече Ковачевски.

     Куманово стана „Носител на мирот„ како град првоборец, учесник во Првите балкански војни, а 2001 година го зачува мирот за време на воените случувања и доби признание за политичкиот успех на градот. Врвот на целата работа беше посетата на градоначалникот и секретарот на Општината, заедно со претставниците од градовите  „Носители на порака на мирот" на 3 мај годинава во Њујорк, каде беа примени од генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун.

    Целта на посетата беше предавање на Декларацијата и Повелбата на мир на Општините, нови членка на Асоцијација за промовирање на мирот во светот.

    Куманово е единстевен претсавник од државата во Асоцијата на градовит носители на порака на мирот. Стана членка минатата година на препорака на Словен Градец од Словенија. Во асоцијацијата членуваат 99 градови од сите континенти меѓу кои од Балканот: Загреб, Сараево, Крагуевац, Ипати, Словен Градец и др.