Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проектите на Општината Куманово, Затворен олимписки базен и Горилница на цврст смет, кои беа презентирани на саемот на локалните заедници „Зелс Експо 2011„ во Скопје, наидоа на одлична критика кај стручната јавност.
На самата презентација експерти од енергетика, посебно го истакнаа позитивниот ефект за искористување на сметот како суровина за создавање на електрична енергија.
Со овие проекти Куманово покажа дека дефинитивно е лидер во енергетиката, економскиот развој и создавање на амбиент за инфраструктурни инвестиции и создавање на услови за странски инвестиции. Сите овие проекти што ги презентиравме, особено оној за палење на сметот, ќе се реализира со сретства од Европската Унија. Затоа верувам дека ќе имаме разбирање од Владата и во текот на наредната година ќе започне нивната имплементација- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Градоначалникот смета дека оваа година саемот бил најслабо организиран во однос на предходните години, а изостанале и презентации на поголем дел од градовите поради финансиските потешкотии.