Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Североисточниот регион е на неславното прво место по бројот на регистрирани случаи на шуга во земјава за месец август 2023 година.
Според податоците објавени од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје на РСМ, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) КУманово минатиот месец пријавил 13 случаи на шуга од кои 12 во Куманово и еден во Крива Паланка.
Само за споредба , во Тетово и Гостивар има 6 заболени лица од шуга, Центрире за јавно здравје од Скопје, Прилеп и Велес регистрирале по 2 случаи во нивните региони, додека во останатите подрачја не е забележан ниту еден случај на оваа заразна болест.
Инаку, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово регистрира вкупно 102 заболени лица од акутни заразни заболувања во месец август 2023 година. Најмногу од нив, односно 62 се во Куманово, 21 заболување во Крива Паланка и 19 во Кратово.
Како и во државата, така и во Североисточниот регион има најмногу ентероколитиси, вкупно 74 случаи од кои 41 во Куманово, 14 во Крива Паланка и 19 во Кратово.
Покрај шуга и ентероколитиси, регистрирани се и 7 заразени лица со овчи сипаници (3 во Куманово и 4 во Крива Паланка), 5 салмонелози (4 во Куманово и еден во Крива Паланка), како и 2 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации во Куманово и еден случај на
инфективна мононуклеоза во Крива Паланка. Регистриран е и еден заболен од ковид-19 во Куманово. Во регионот не се регистрирани заболувања против кои се спроведува задолжителна континуирана имунизација и сексуално преносливи и крвно преносливи инфекции.
Според најновата статистика, во текот на август 2023 година, во Македонија, пријавени сe вкупно 957 заболени лица од акутни заразни заболувања (без COVID-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ), со вкупна инциденца од 52,1 на 100.000 жители.
Најчести регистрирани акутни заразни заболувања се ентероколити ( 556 пријавени лица) и овчи сипаници (250 случаи).
Вкупниот број на пријавени лица во месец август е за 0,5% поголем во однос на претходниот месец јули. Во однос на месец август 2022 , пак, се регистрира зголемување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 85,1%.
Во текот на август, 2023 година во Институтот за јавно здравје се пристигнати 1.040 пријави за изолиран-докажан причинител на заразна болет и резистенција на антибиотици. Пријави се добиени од микробиолошките лаборатории од териториите на 10 ЦЈЗ. Најголем број пристигнати
пријави се од лабораториите кои се наоѓаат на територијата на ЦЈЗ Скопје (79,6%) и ЦЈЗ Куманово.
Најчесто пријавувани причинители во месец август се: MRSA, Salmonella enteritidis и HPV .