×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово одбележа 76 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

    11.11.2020 16:31 | KumanovoNews

     Со полагање цвеќа на Спомен костурницата на падните борци од НОБ, започна прославата на 76-годишнината од ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна и 501 година постоење.

    Куманово одбележа 76 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

    Чествувањето продолжи на Свечената седница во Центарот за култура.

     Ако во далечната 1944 година херои беа борците на НОБ, оние кои ја донесоа среќата на лицата на граѓаните на Куманово, денес херои се здравствените работници, кои неизмерно и со голема количина на посветеност,  професионалност ја извршуваат работата помагајќи на заболените од Ковид. Тие во оваа битка го носат најтешкиот товар на своите плеќи, тие се хероите во кои сега сите гледаме надеж. Но, херои се и пожарникарите, полициските и армиските припадници, работниците од комуналните претпријатија, просветните работници, вработените во супермаркетите, херои сме сите ние кои покажуваме одговорност во овие тешки моменти, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

     На свеченоста беше врачена наградата „11 Ноември“ за посебни достигнувања на годинешниве добитници: Јадранка Стаменковска – лекар специјалист, епидемиолог, раководител на Одделението за епидемиолошка дејност при Центарот за јавно здравје Куманово и член на Штабот за заштита и спасување на Општина Куманово,  Александар Трифуновски – лекар, специјалист, хирург урoлог вработен во Универзитетската клиника за урологија Скопје, Али Далипи – лекар специјалист, офтамолог, началник на Одделот за очни болести при Општа болница Куманово, Азис Бајрами – лекар специјалист инфектолог, вработен на Инфективното одделение при Општа болница.

    Од правните лица добитници на Ноемвриска награда се Општа болница Куманово и Телевизија Плус.

    Градоначалникот Димитриевки додели благодарница на Здравствен дом Куманово, Слободан Ковачевски, Петар  Николовски и Фериз Дервиши.