×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово остана без градски превоз - работниците со такси или пеш на работа

    03.01.2022 09:31 | Сузана Николиќ

    Сопственици на фабрики и приватни фирми утринава ги превезуваа своите вработни на работните места, затоа што Куманово остана без градски превоз. На првиот работен ден во новата година, тие се организираа и ги возеа работниците од приградските и селски населби, бидејќи автобусите не сообраќаат на редовните линии. 

    Куманово остана без градски превоз - работниците со такси или пеш на работа

    „Хаос е од изутрина во превозот. Сабајле од 5 саат заедно со роднина сме во околните населби: Умин Дол, Табановце, Горно Којнаре, Бабин Дол и другите. Направивме по 4 тури и ги довезовме сите работници. Оние од градот си дојдоа со свои автомобили или ги довезе некој од домашните. После работа пак ќе ги вратиме. Не само јас, и другите газди го правеа истото. Бараме под итно да најде начин да го врати превозот. Срамота е градот да остане без градски превоз. Кога н`е посетуваше градоначалникот пред избори на работниците им вети редовен превоз“, вели сопственик на погон за чевли во Куманово.   

    Тој додава дека дел од неговите колеги ги ангажирале дивите таксисти, голем дел од работниците откако останале на цедило барале такси превоз од регистираните комапнии, а дел оделе и пеш.
      

    „Точно е дека утринава од 6 до 7 часот имавме голем број на повици од приградските населби. Главно се јавуваа жени и бараа по 2-3 возила. Најверојатно цела група останала без превоз. На некои им пративме коли и тоа беа работнички од поранешен „Чик“ и „Киро Фетак“, а за голем дела немавме доволно возила да ги услужиме“, велат од една такси компанија во Куманово. 

    Од компанијата „Оли-травел“, кажуваат дека кај нив постојано се јавуваат фирми и граѓани и бараат да пуштат автобуси, но тие немаат дозволи за превоз, кои треба да им ги издаде општината. Досега никој од општината не ги контактирал или им се обратил за решавање на проблемот.

    Од 1 јануари, кумановци останаа без градски превоз затоа што не е завршена постапката за избор на нови фирми за превоз на патници. Општина Куманово тендерот го распишала на 15 декември и отворени се понудите, но новите превозници ќе започнат со работа по завршување на жалбениот период и потпишување на договорите. Тоа може да трае 15-дена, но и да се развлече со месеци.

    За прекинот во јавниот превоз Општина Куманово ги извести граѓаните преку кратко соопштение на општинскиот сајт.

    „Ве известуваме дека од 01.01.2022 година поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз се до завршување на постапката објавена со оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општината, бр.08-9194/2 од 14.12.2021 година, објавен од страна на градоначалникот на Општина Куманово“, стои во соопштението.

    Во Општина Куманово јавен градски превоз користат над 15.000 граѓани, од тоа 5.000 ученици во основните и средни училишта.