×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово- план“ во првиот квартал од годината оствари добивка од 3.000 евра, покажа извештајот

    07.06.2024 13:04 | Оливера Пешевска

    Јавното претпријатие „Куманово- план“ во првите три месеци од 2024 година остварило финансиска добивка од 188.748 денари, односно 3.000 евра.

    „Куманово- план“ во првиот квартал од годината оствари добивка од 3.000 евра, покажа извештајот

    Средствата во висина од 2,24 милиони денари, односно повеќе од 36 илјади евра се обезбедени од изработените две фази од проект за изработката на Генералниот урбанистички план (ГУП) за Куманово.

    „Завршени се две фази- инвентаризација на вкупениот изграден градежен фонд и на вкупното градско зеленило. Останува уште третатта фаза, инвентаризација на инфраструктурата. Во процедура сме на собирање на информации и податоци од сите релевантни, надлежни институции , но таа работа малку забави поради изборниот процес. Штом ги добиеме потребните информации ќе можеме успешно да ја завршиме и третатта фаза, со што се отвараат и можностите за отворање на понатамошните фази за изработка на ГУП“, истакна заменик- директорот Иван Николовски, во своето излагање на Советот.

    Овој процес, практично значи снимање и исцртување, ставање на хартија на постојната состојба на град Куманово: состојба на изградени објекти, јавни или објекти за домување, како и целокупното зеленило кое се наоѓа во опфатот на ГУП. Останува уште инвентаризација на водоводна, електрична и секаква друга инфраструктура.

    Во март минатата година ЈП „Куманово- план“ за прва пат прикажа позитивно финансиско работење по пет години од своето формирање.