Куманово под снежна покривка
09.12.2012 15:57
| KumanovoNews
Снегот кој почна да паѓа напладне го побеле Куманово и околните планини. Белата покривка се задржува на коловозите и веќе ги создава првите проблеми на возачите.

Улиците не се исчистени и возилата сами го разгазуваат снегот.
Снежните врнежи се проследени со силен северен ветер и ниски температури. За разлика од западниот дел на земјава, снегот во Кумановско е само неколку сантиметри.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот и југозападниот дел од државата, каде се бележат врнежи од снег со среден интензитет.