×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово со најмногу измени на Детални урбанистички планови, покажа истражувањето на ЦГК

    01.03.2024 14:48 | Оливера Пешевска

    Вкупно 427 промени на Детални урбанистички планови направила Општина Куманово во периодот од 2018 до 2022 година, поради што е на прво место пред останатите градови Битола, Кичево, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

    Куманово со најмногу измени на Детални урбанистички планови, покажа истражувањето на ЦГК

    Од тоа 68 иницијативи покренала локалната самоуправа, а 359 измени се направени по барање на физички или правни лица.

    „Бројот на барања доставени од физички и правни лица е поголем отколку измените на иницијатива на самите општини. Иако, измените на ДУП-овите ги финансира оној којшто ги иницира, сепак не може да се заклучи дека ова е причината за малиот број иницијативи од општините. Поверојатни се толкувањата дека општините немале иницијатива од едноставна причина што не водат доволно грижа за унапредување на јавниот простор. Оваа состојба секако ги зголемува ризиците од надворешни влијанија и корупција“,  стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

    Истовремено најмногу новодонесени Детални урбанистички планови (ДУП) во истиот период од пет години повторно има Општина Куманово, 21 на број, а има и 18 измени и дополнувања на ДУП-ови, што исто така е најголем број од анкетираните локални самоуправи.

    Од сите доставени барања за градба Сектор за урбанизам одобрил 69 проценти, односно од 862 барања, одобрени се 591. Сепак растот на одобрени новоградби во градот е само 10 отсто. Наспроти овие охрабрувачки податоци загрижува фактот што до општината има доставено дури 2.808 барања за легализација на дивоградби, но нема податоци колку од барањата се процесирани и завршени.

    Одделението за вршење инспекциски надзор од областа на урбанизам и градежништво на Општина Куманово има вработено 4 градежни инспектори. Во петгодишниот период тие извршиле 957 надзори, но нема информација во колкав број биле редовни, вонредни или контролни.

    „Најголем број на инспектори има во Куманово и Тетово – по 4. Но, токму во општините каде што се вработени најголем број градежни инспектори постојат најголем број барања за утврдување правен статус (легализација), што ја доведува во прашања и нивната ефикасност“, е заклучокот на ЦГК.

    Извештајот за Општина Куманово тврди дека во рамките на законски предвидениот рок, се донесени годишни програми за изработка на урбанистички плански документи.

    Генералниот урбанистички план на Општина Куманово е донесен на 26.03.2004 и има претрпено пет измени и дополнувања.Во моментов Куманово работи врз донесување ГУП и врз соодветните студии уште од 2018 година.

    Препораките што се однесуваат на Општина Куманово, меѓу другото се да го забрзаат процесот на донесување на Генералниот урбанистички план. Од друга страна, донесувањето на Деталниот урбанистички план и неговите измени треба да се одвива низ инклузивен и консултативен процес со граѓаните, во иницијативи кои ќе ги поттикнува самата општина, со цел да предвидат повеќе проекти за унапредување на јавниот простор. Да се намали подготовката на урбанистички планови од страна на физички и правни лица и да се засили инспекцискиот надзор, со цел да се оневозможува да се градат објекти без претходно добиено одобрение за градба.

    Истражувањето со кои се добиени овие податоци е на тема „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови, голем број на дивоградби и слаб инспекциски надзор во општините“, а се одвивало во осум таргетирани општини: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип.