×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово со редуциран градски превоз - поради загуби превозниците не можат да ги одржат линиите

    03.08.2020 20:07 | KumanovoNews

    Во Куманово од утре се укинуваат поголем дел од линиите на градскиот јавен превоз, поради тоа што превозниците се соочуваат со големи финасиски проблеми и не се во можност да ги одржуваат линиите.

    Куманово со редуциран градски превоз - поради загуби превозниците не можат да ги одржат линиите

    Ќе останат само автобусите на линиите во утринските и пладневните часови кога вработените одат и се враќаат од работа. Приватните автотранспортни претпијатија, „Оли-травел“, „Штуз“ и „Јоцо-турс“, кои го спроведуваат општинскиот линиски превоз на патници во Куманово, тврдат дека со месеци работат со загуби и се на работ на банкрот, бидејќи нивната дејност е најпогодена од кронакризата, а дополнителен проблем е нелојалната конкуренција, којашто никој не ја санкционира.

    „Поради заштита и превенција од ковид-19 и намалениот број на патници заради годишните одмори, а пaралелно на тоа и присуство на уште поголем број на нелегални-диви такси превозници, финасиски не сме во можност да опстанеме со трошоците што се потребни за целосно одржување на општинските линии. За таа цел им се извинуваме и ги известуваме граѓаните на Општина Куманово, дека од 4.8.2020 година нема да се оддржуваат линиите и тоа во временски интервал од 8 до 13 часот и од 16.30 до 22 часот, така што ќе биде опфатен само периодот кога им е најпотребен на граѓаните. Нашата фирма веќе неколку месеци се справува со огромни финансиски загуби поради целокупниот сплет на околностите и колку и да сакаме верувајте невозможно е да се работи во вакви сложени и непрофитабилни услови“, - вели Оливер Стефановски, директор на „Оли-травел“.

    Автобусите ќе превезуваат патници од понеделник до сабота само во период од 5 до 7.30 часот и од 14 до 16 часот. Стариот режим на јавен градски превоз ќе се врати со почеток на новата учебна година доколку се подобри финансиската состојба.

    Од компаниите се надеваат дека граѓаните ќе имаат разбирање за моменталната состојба во која се наоѓаат, а очекуваат дека и државата и локалната самоуправа ќе преземат мерки за помош на нивната дејност и надминување на проблемот.

    (С.Н.)